Магазинот Тајм жените од групата „The Silence Breakers“, кои во јавноста ја подигнаа свеста за сексуалната злоупотреба во светот на шоу-бизнисот придонесоа за соочувања на жртвите со тие што ги злоупотребиле, се прогласени за личности на 2017 година. Неформалното движење „Прекршители на тишината“ тесно се поврзува со хаштагот #MeToo, преку кој се ширеа обвинувањата против моќниот холивудски продуцент Харви Вајнстин. Целиот скандал почна во октомври, кога „Лос Анџелес тајмс“ објави текст за долгогодишната пракса на Вајнстин сексуално да малтретира жени, главно, актерки, по што голем број од нив јавно проговорија.
Актерката Алиса Милано го популаризираше овој хаштаг, по која се јавија илјада жени што сакаа да ја споделат својата приказна. Многу познати дами решија да ги откријат „јавните тајни“ во светот на забавата и негативните искуства во текот на нивната кариера. Меѓу нив се актерката Ешли Џад, активистката Тарана Бурке, актерката Селма Блер, американската политичарка Сара Гелсер, пејачката Тејлор Свифт и актерката Роуз Мекгован.