Силувана пред очите на партнерот, посвоена на 4 години: Несреќната судбина на панк принцезата

Дури во триесеттите години, што е доцна според поп-стандардите, таа стана sвезда, а дотогаш веќе помина низ многу работи во својот живот. Како дете била во кома (последица на пневмонија), како девојка работела за Би-Би-Си во Њујорк, излегувала со Енди Ворхол и други лица од Њујорк, избегала од насилна врска, била возач на „Њујорк кукли“, основала женски бенд и ја формирала „Блонди“.

Денес, Деби Хари има 76 години и кога ќе се осврне наназад, вели:

„Отсекогаш сакав да се движам наоколу во животот. Нешто ќе ме заинтересираше и веднаш сакав да видам што е тоа. Да, имаше моменти кога ќе помислев: „Ти беше толку голема будала. Се вртиш назад и ги гледаш сите грешки кои си ги направила па се прашуваш зошто воопшто си го направила тоа Но, генерално, мислам дека имав среќа. И јас бев среќна“.

Како што признава, нејзината најголема грешка биле парите.

„Всушност, факт е дека не посветував доволно внимание на работата, бизнисот, парите, затоа што бев заинтересирана да создавам музика и да настапувам“.

Во осумдесеттите години, Деби Хари и Крис Штајн, гитаристот на групата „Блонди“ (тие беа во врска 13 години), изгубија - сè.


Нивниот деби-албум „Блонди“ беше објавен во 1976 година и со години одеа од турнеја во турнеја. Тие имаа шест хитови на број 1 на британските топ листи и продадоа 40 милиони плочи. Кога американската даночна служба им издаде сметка за повеќе години неплатени даноци, тие ја изгубија својата куќа во Њујорк. Познатиот IRS тогаш ја зеде не само куќата, туку и гардеробата на Деби Хари, и да биде работата уште полоша, Штајн тогаш завршил болница поради автоимуната болест со која се бореше. Во следните години Деби Хари се грижеше за него и тие дури и не знаеја како таа ќе му ја плати сметката во болницата. Тоа значеше и крај на бендот.

Да бидат работите уште полоши, во тоа време и двајцата биле зависници од хероин. Деби Хари пишува отворено и опширно за тој период во нејзината автобиографија.

„Јас навистина не жалам што употребив хероин, жалам само за сето тоа време што беше изгубено. Тоа беше на моменти личен лек за некои работи, како некое неопходно зло. Тоа беше тешко, депресивно време во мојот живот“.

Таа излезе од сето тоа, како и сите други.

„Одиш на некоја програма, терапија. Не е лесно'.

Таа смета дека проблемот со зависност од разни опијати денес е уште поголем во Америка отколку во нејзината младост.

Деби Хари е родена во Мајами во 1954 година како Анџела Тримбл и бидејќи нејзината биолошка мајка, која била бремена со оженет човек, не можела да се издржува, таа билапосвоена од Кетрин и Ричард Хари, домаќинка и трговец од Њу Џерси, кои не можеле да имат деца ѝ и даде ново име - Дебора.

Кога имала четири години, посвоителите и објасниле дека таа не е нивна биолошка ќерка.

Сега, во нејзините подоцнежни години, таа отворено зборува за вечниот страв со кој живеела - дека ќе биде оставена повторно. Таа била посвоена кога имала три месеци, а знаела дека е посвоена уште од 4-та година. Кон крајот на осумдесеттите, кога веќе беше sвезда, ја пронајде биолошката мајка, која беше пијанистка, но не сакала да оствари контакт со Деби.

„Не ми беше тешко да напишам за тоа во книга, сега кога сум возрасна. Мислам дека сите имаме дел од нас што ни пречи од време на време, и не можеме да го изоставиме. Мојот беше тој постојан страв, некаде во мојата потсвест., Дека моите родители ќе ме напуштат и никогаш нема да се вратат. Мислам дека сега, во моите подоцнежни години, ги решив сите овие работи, со себе, и мило ми е што заврши.

Кога завршила колеџ, се преселила од Њу Џерси во Њујорк и работела како келнерка, аплицирајќи неуспешно на разни аудиции, настапувајќи со некои бендови. Не успеала и се вратила во Њу Џерси.


Во времето на нејзината голема популарност, имаше неколку жени на кои гледаа како на сексуални објекти. И, до некаде ја гледаа на тој начин. Нејзиното лице го направија бесмртно фотографиите на кориците на албумот „Блонди“ и славниот портрет на Енди Ворхол. Поради нејзината фотогеничност, смел избор на облека и долга руса коса, Деби брзо стана икона на панк музиката.

„Не знам дали отсекогаш сум била свесна за вниманието што го привлекувам кај мажите. Сите имаме лични несигурности, не знам зошто. Од друга страна, бев свесна дека влегов во шоу-бизнисот и дека важно е да се биде изведувач, да се привлече внимание. Велат дека сексот продава, а јас бев свесна за тоа. Но, сакав да биде според моите услови, кога ќе го посакам. Имаше период кога ќе работев многу , пишував, и никој не го забележуваше многу. И тогаш музичката куќа, без мое знаење, ми ставила постер во проѕирна блуза. И да, бев многу лута“.

Деби Хари е среќна што жените во музичката индустрија денес се многу посилни отколку во нејзино време. „Јас им се восхитувам на жените што се толку талентирани, кои создаваат и изведуваат музика. Тие се вистинска инспирација за мене“.

Хари доживеала ужасни работи и од мажите: едно поранешно момче и се заканувало дека ќе ја силува, а потоа, кога веќе била со Крис Стајн, биле придружувани до станот од насилник во кожен мантил, кој заканувајќи им се со нож, го врзал гитаристот, ја силувал Хари а потоа им ги зеле камерите и гитарите.

А, како изгледа да остариш?

„Ужасно е“, се смее таа, но на прашањето кога е најсреќна во животот, таа вели:

„Сега сум прилично среќна.

Таа надживеа многу свои пријатели, како што се Енди Ворхол, Дејвид Боуви и Џои Рамон.

„Имаше многу ситуации во мојот живот кога се соочував со смртта, кога луѓето блиски до мене заминуваа а јас сум среќна што имав силен инстинкт за преживување, тоа е моја среќа“.

Нема многу од тоа што би направила поинаку, вели таа. „Сите правиме грешки. И треба да учиме од нив. Тогаш, да правиме различни грешки“, се смее .

Само во последниве години, признава дека помислила оти можеби би можела да има деца, дека би било убаво да ги има.

„Но, јас не знам дали би можела да го сторам тоа додека работев толку напорно. Јас сум тип на човек кој се дава многу на сè што прави. Не можев да му го дадам бебето на некого да го чува додека работам. Јас би сакала да бидам сто проценти вклучена во се што прави бебето.


Таа сè уште работи, пишува, изведува.

„Не знам уште колку долго ќе можам да работам, но уживам во тоа. Тоа е мојот живот и луѓето сè уште сакаат да ме видат. Јас навистина имав многу среќа. И јас се чувствувам се повеќе и повеќе свесна нза тоа“.

Денес, таа живее во Њу Џерси и има четири миленичиња.


Извор: stil.kurir.rs

Фото: Википедија


Ја отпеа „Додирни ми колена“, се издигна до самиот врв: Еве како изгледа сега првата пејачка на групата Зана (ФОТО)