Синот на Шаулиќ прокоцкал 80.000 евра, мајка му го отплатила долгот на рати? Се дозна и зошто ја оставил свршеницата!

Семејството на кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, по неговата смрт се најде во многу тешка позиција, а синот на пејачот Михајло дури западна во долгови поради коцкање.

Според белградските медиуми, Михајло Шаулиќ се вратил на коцкањето и направил долг од 80.000 евра, кој не можел да го врати. А, кога оние од кои позајмил пари, барале исплата, тој се свртел кон неговата мајка Гордана Шаулиќ, која била принудена да собира пари.

- Познато е дека младиот Шаулиќ со години беше во неволја поради пороците, како и дека неговите родители неколку пати го извлекле од долг. Неодамна, Михајло повторно го доведе своето семејство во непријатна ситуација поради коцкање и чести посети на казиното. Претходните години тој паѓаше во големи долгови, поради што добиваше и закани. Предметната сума е околу 80.000 евра, кои тој мораше да ги врати што е можно побрзо - откри извор близок до семејството Шаулиќ.

- Иако најпрво им криеше на најблиските дека повторно има проблеми и дека луѓето од кои позајмуваше пари повеќе пати бараа да им ги врати што побргу, на крајот се обрати за помош на својата мајка Гордана. Вдовицата на Шабан се изнервира кога дозна за тоа, па мораше да има сериозен разговор со Михајло за тоа којзнае колку пати, но на крајот сфати дека мора да го преземе долгот. За неколку месеци, вдовицата на Шабан успеа да собере пари и да го подмири долгот на нејзиниот син - додаде изворот и продолжи:

- Успеа во тоа благодарение на вилата во Дедиње, која ја издава на амбасадата повеќе од една година за пет илјади евра месечно, но и од авторските права што ги доби за музиката на Шабан од Јутјуб. Одвои добар дел од таа сума со цел да ги исплати оние што му позајмиле пари на Михајло, така што за помалку од една година успеала да се ослободи од неговите долгови.

Михајло и Данијела Мандиќ имаа договорено венчавка за јуни 2019 година, но тие мораа да ја одложат поради смртта на Шабан Шаулиќ. Како и да е, венчавката беше трајно одложена затоа што Данијела и Михајло раскинаа, а извор близок до нив ги открива вистинските причини:

- Иако во медиумите беше споменувано дека свадбата со свршеницата Данијела Мандиќ е откажана поради „разлики во одредени желби и поради разлики во карактерот“, вистина е дека го напуштила токму поради коцкањето. Двајцата требаше да се венчаат летото 2019 година, но тие ја преместија венчавката поради трагедијата што му се случи на семејството Шаулиќ во февруари истата година. После тоа, Даниела, инаку од богато семејство, реши да раскине со Михајло, поради растечката страст кон коцкањето.


Фото: Инстаграм