Сите имаме по една ВЕСНА: Откријте го значењето на името

Весна е старословенска божица на младоста и пролетта, која имала власт над сончевата топлина и обновувањето на природата. Зборот ВЕСНА на руски јазик значи пролет и младост. Во нашата земја честопати се користи како женско име.

Весна Словените ја доживувале како убава, насмеана млада девојка накитена со венци и во бел фустан. Косата ѝ била украсена со цветни ѕвончиња. Имала крупни очи. Во долниот дел на половината имала голем цветен венец.

Етимологијата на името на божицата Весна ни го дава Крек на тој начин што нејзиното име го доведува во врска со староиндискиот збор - вас - што значи да биде јасен, светол, светлост. Весна т.е. „светло или годишно време, кое донесува светлост (ведрина)“.