Сите љубови на миленикот на жените: Вака живеел, творел и сакал Чарлс Буковски

Хенри Чарлс Буковски е еден од најчитаните писатели во последните децении, а е опишуван како стар алкохоличар, циник, боксер и багабонд, пријател на проститутки, соговорник на сите бармени од Лос Анџелес, бездомник, поет, женкар и страствен следач на трки со коњи.

Во времето на неговата најголема популарност на читањата на поезија и проза, доаѓале најзгодните жени од Лос Анџелес, а по настапите со некои од нив завршувал во кревет. Многумина денес го познаваат како автор на цитатите кои луѓето масовно ги споделуваат на социјалните мрежи, но поголемиот дел од нив не знаат кој е всушност тој.

Овој познат писател опширно пишувал за своите врски со жените, за љубовта, сексот и својот живот. И покрај обвинувањата за омраза кон жените и задоцнетиот почеток на љубовниот живот, Биковски имал многу партнерки и љубовници, особено во средните години. Подоцна, многу од неговите девојки откриле дека биле прикажани неповолно во неговиот роман „Жени“.

Некои од неговите жени играле големи улоги во неговиот живот и му биле креативни музи, додека други биле само споредни епизоди. Буковски на непријатен начин ја опишал жената со која, како што тврди, ја изгубил невиноста кога има 24 години. Наводно, ја запознав во бар и ја однел во својот стан по пијаната вечер. Во утринските часови, не можел да го пронајде својот паричник за што ја обвинил и ѝ наредил да си оди. Потоа открил дека паричникот всушност му бил зад креветот и му било срам од реакцијата.


„Таа беше првата жена која ме сакаше“, се пошегувал подоцна во едно интервју.

Џејн Куни Бејкер била неговата прва голема романтична врска и неговата најголема муза. Се запознале во 1948 година и живееле заедно до 1955 година. Таа е повеќе пати споменувана во неговата поезија и романи, прво како Бет во „Post Office“, а потоа и како Лора во „Factotum“. Била тежок алкохоличар, заедно се препуштале на шишињата со алкохол и тој цела деценија во потполност се откажал од пишувањето. Била десет години постара од него и живеела од донациите на постарите мажи и перењето валкана облека во евтини хотели, кога Буковски ја сретнал првпат во еден бар. Тоа бил периодот кога го исфрлиле од евтините соби поради неплаќање на киријата и носење на жени доцна во ноќта.

„Кога ќе се собере сѐ, алкохолот и жените конечно ме средија. Завршив на одделението за бездомници во локалната болница. Излегов 900 години постар, најдов некоја работа и купив машина за куцање“, напишал тој подоцна. Пишувањето му помогнало да преживее. Дал отказ во поштата и раскинал со Џенет. Сепак, од сите сопруги и девојки, Џенет-Џејн се смета за најважна, и како музика и како љубовница. Умрела во 1962 година, откако ѝ пукнал чир во желудникот. Ѝ ги посветил овие реченици во својата песна: „Џејн, која веќе 31 година е мртва, никогаш не би можела да замисли дека ќе напишам сценарио за нашите заеднички пијани денови и дека од тоа ќе се направи филм и дека магична филмска ѕвезда ќе ја глуми неа. Како да ја слушам Џејн: „Маѓична филмска ѕвезда? Зарем уште и тоа!“ Џејн, тоа е само шоу-бизнис, затоа продолжи да спиеш, љубов, бидејќи колку и да се трудеа, едноставно не можеа да најдат некој како што си ти. А, не можам ни јас.“

По Џејн, се појавиле уште неколку жени кои со Буковски поделиле повеќе од две-три пијачки и две-три ноќи.


Барбара Фрај е првата сопруга со која Буковски се венчалл во 1950 година. Го запознала низ својата работа како уредник на поезија во издавачка куќа. Имала два пршлени помалку во својот врат и блага закривеност на 'рбетот, која изгледала како грбка. Тие едвај се познавале кога стапиле во брак во Лас Вегас, бидејќи таа е од Тексас и нивната дотогашна врска се состоела исклучиво од пишување писма. Бракот им траел нешто повеќе од две години, се развеле во 1958 година кога тој повторно ѝ се вратил на Џејн. И покрај објавувањето на неговите книги, Барбара воглавно не била импресионирана од неговото пишување. Умрела под мистериозни околности во Индија.

Френсис Смит била поетеса со која Буковски од 1963 година живеел во вонбрачна заедница. Кога дознал дека е бремена, ја прашал да се омажи за него, но таа го одбила. Се разделил од неа во 1965 година. Франсис е родена во 1992 година во Сан Рафаел во Калифорнија, а израснала на Источниот брег каде на крајот се омажила и добила четири ќерки. На крајот се развела и се вратила во Калифорнија потполно напуштајќи ги своите деца. Со Буковски ја добила својата петта ќерка и неговото единствено дете, Марина Луиз Буковски. Френсис била тесно поврзана со заедницата на поети на Јужна Калифорнија. Со неа неговата популарност се качила на брзиот воз, а дома уживал во љубовта со ќерката. Во текот на својата долга кариера како писател, Френсис никогаш не настојувала да ја искористи врската со Буковски. Во староста носела прамен сива брада, поради што го добила и својот прекар „The bearded witch of Ocean Park“. Смит умрела во болницата Гринбри во Калифорнија, на почетокот на јуни 2009 година.


Во 1970 година, Џон Мартин, сопственик на мала издавачка куќа, го ставил својот удел на Буковски и му предложил да се држи до машината за пишување за сто долари месечно и да се откаже од физичката работа. Во тоа време ја запознал девојката по име Линда Кинг, 20 години помлада поетеса и вајарка, со која имал бурна врска скоро пет години. Таа најверојатно е најнестабилната пријателка на Буковски. Се здружиле во 1970 година по што Кинг го прашала Буковски дали може да направи скулптура од неговата глава. Нивниот однос постојано бил „топло-ладно“ и кога и да оладел, Биковски и ја враќал својата извајана глава на Линда. Во едно интервју, Линда го опишала нивниот однос: „Деновите брзо поминуваа. Секогаш побрзо. Кога би започнале кавгите, се боревме како тигри. Боже, како само се каравме. Буковски ќе скокнеше и ќе запреше сѐ, ќе излеше надвор и си ѕвоневме еден на друг цела ноќ, па ќе ја спуштевме слушалката на крајот од секој разговор. Го обвинував дека бара кавга за да се опие. А, тој ќе дојдеше во два, три, четири, пет со лудачки, пијани, поетски говори за жените, душите, љубовта и омразата. Луди и убави реченици. Каква моќ на зборови. Бев воодушевена среде најголемиот гнев“.


Турбуленциите во нивната афера понекогаш можеле да се претворат во насилство, Буковски ѝ го скршил носот во една прилика, а по една кавга поради неговото неверство, Линда ги фрлила неговите машини за пишување и книги на улица. По шеснаесет месеци се разделиле, а Буковски си нашол друга љубовница.

Лиза Вилијамс била извршна директорка на дискографската куќа со која Буковски се дружел по кавгите со Линда Кинг. Имала 44 години кога ја запознале врската. Тој тогаш имал 52 години. Лиза го однела Буковски на одмор на островот Каталина, на нејзин трошок. „Врската воопшто не беше сексуална - иако постојано зборуваше за секс - бидејќи секогаш беше пијан“, вели таа. „Откако ќе испиеше два картони по шест пива, што беше негова вообичаена доза за една ноќ, не можеше да направи ништо.“ Иако тој и Лиза се забавувале, Буковски и понатаму бил заљубен во Линда и често ѝ ѕвонел. Лиза се нервирала кога ги откривала повиците. Буковски дошол до заклучок дека не може да живее без Линда и ѝ кажал на Лиза дека со неа е готово, по што таа била многу лута и бесна. Лиза умрела на 68 години во дом за стари лица во Квинс. Помеѓу нејзините работи пронајдени се писма и неколку фотографии со авторот. Лиза се појавува во филм и две приказни на Буковски.


Џоана Бул е поранешна девојка на рок тапанарот Левон Хелм. Спиела со Буковски во текот на неговото „истражување“ за романот „Жени“. Искуството за неа било толку мачно, што дури повраќала по чинот.

Памела Милер била келнерка, страсна учесничка на забави и зависник од таблети за слабеење. Буковски развил идеја за неа, но таа исчезнувала со денови, што го доведувало до лудило. Тој пишувал за неа во својата збирка поезија „Љубовта е куче од пеколот“. На крајот го оставила и заминала со студент по стоматологија. Еднаш изјавила: „Со Буковски можев да правам што сакам, кога сакам и како сакам. Толерираше скоро сѐ - гласна музика, надворешна бучава, луди пијанки, голтање на таблети, пеење и танцување на маса. Немаше правила и ограничувања - и тоа ми се допадна, се чуствував како да сум во безбедно пристаниште, каде никој нема да ми суди. Поголемото време во животот со Буковски беше забавно - лудо, опуштено, слободно“.


Амбер О'Нил е жена која имала редовни состаноци со Буковски во текот на 70-тите години. Ја нарекол Тања во својот роман „Жени“, и не бил воопшто фин со неа. Таа имала свое враќање во центарот на јавноста кога му го возвратила ударот и ја објавила својата книга за Буковски. Тања во неговиот роман се појавува како многу детинеста жена која пишува добри писма и има голема љубопитност за сексот. Меѓутоа, средбата со Буковски не оставил лош впечаток за неа. „Всушност, во предговорот на својата книга, кажав дека му против на Буковски за некои тажни чувства кои ги почувствував поради некои негови коментари, бидејќи тој мене ми пружи големо искуство. Во реалноста беше толку љубезен кон мене во тие три дена од викендот“.

Буковски во тоа време пишува два - три пати неделно помеѓу десет навечер и два наутро со шише вино, цигари и класична музика на радио. Искреноста кон неговите исповеди измешана со химорот се лепела за прсти. Имало сѐ повеќе луѓе кои сакале да го запознаат херојот - бунтовник и освен снаодливите, кои успевале во тоа со изговор дека се новинари или доаѓајќи ненајавено во неговиот стан со гајба пиво, во тоа имале можност и оние кои ги посетувале неговите книжевни вечери.


Линда Ли Бигл е втората сопруга на Буковски и доживотна сопатничка. Се запознале уште во 1976 година и по една година дружење и забавување се венчале во август 1985 година. Линда работела во продавница за здрава храна, кога ја запознал. По втората венчавање, Буковски се одлучил да живее мирно: стариот автомобил го заменил со БМВ, старата машина со компјутер, а валканата соба со куќа во предградието со базен. И со Линда Ли се карал многу, но неа ја ценел, бидејќи таа се грижела за него како ниту една жена порано. 


Пишувал како луд, и понатаму успевајќи да се опие од време на време. Во 1987 година го пишува сценариото за автобиографскиот филм „Barfly“, во кој ликот на Кинез го толкува Мики Рурк, а Буковски за себе си зема епизодна улога во бар. 

Но на крајот, Линда била покрај креветот на Буковски во болницата кога умрел од леукемија во 1994 година во Сан Педро, на 73 години.

На споменикот оставил совет до идните писател: „Не се обидувај“.


фото: Profimedia