Скандалозна фотка на 64 години: Познатата дива се соблече топлес, а со голите гради го запали Инстаграм: „Во 90-тите бев жешка, најпосакуваната на светот покрај Лејди Ди“

Шерон Стоун беше и остана дефиниција за сексапилност и самодоверба, а и покрај тоа што времето минува, тоа не се менува - нејзината харизма и енергија се‘ уште се неприкосновени, а ние исто така го обожаваме нејзиниот слободен, отворен ум и подготвеност да ни покаже на сите дека возраста не е пречка за ништо.

Холивудската актерка неодамна ја вжешти атмосферата на Инстаграм, почастувајќи ги своите 3,2 милиони следбеници со провокативна фотографија.

Имено, Шерон се соблече топлес, а 64-годишната актерка позираше така - со голи гради и во минијатурен долен дел од костим за капење со леопард дезен. 

Фотографијата зрачи со среќа и се гледа дека оваа 64-годишна жена навистина ужива во животот, но и во себе и своето тело и дека ги прифатила сите свои мали маани. „Несовршено благодарна за совршениот ден“, напиша таа покрај објавата.


Очекувано, фотографијата собра огромен број лајкови и комплименти. „Жив оган“, „Икона на сексипилот“, „Легенда“, „Убава жена“, „Убава си, како и секогаш“, „Сè уште си динамит“, „Толку природна, толку убава жена“, „се само некои од коментарите.

Да потсетиме, минатата година во интервју за „Рејк“ актерката истакна дека во текот на 90-тите само принцезата Дијана била толку позната и обожавана, а додала дека е најубавата и најбарана актерка и „жешка“.

„Станавме славни во истата генерација. Каде и да отидеше некој познат, како Дијана или јас во тоа време, ќе се појавеја стотици или илјадници луѓе. Така, ако одев во ресторан, додека да почнав да јадам, се собираа стотици луѓе пред ресторанот“, рече Шерон и додаде дека тоа не се случува повремено, туку е правило.

Актерката се осврна и на тоа дека во одредени моменти било дури и опасно да се појави во јавност.

„Ми требаше армија телохранители за да ме одведат до автомобилот или да ја задржат масата луѓе. Телохранителите понекогаш мораа да влезат во автомобилот преку прозорецот, за насилната толпа случајно да не влезе во автомобилот. Толпата понекогаш вадеше браници, ретровизори, регистарски таблички, се качуваа на автомобилот. Се случуваше да лежам на подот од автомобилот, пријателите и телохранителите да бидат над мене, надевајќи се дека автомобилот нема да се урне“, открила холивудската актерка за лудилото кое владееше во 90-тите.

Инаку, оваа 64-годишна жена повеќепати отворено зборувала за тоа како е да се прифати процесот на стареење и дека бара многу работа на себе.


„Толку сум благодарна за моето тело. Кога бев помлад сите ми кажуваа што не е во ред со тоа - ова или она. Сега почнав да сфаќам дека го претпочитам ставот на жените во Европа кои стануваат поубави со годините и кои го разбираат тоа. Тие жени се поубави од девојчињата затоа што имаат мудрост“, изјави таа за списанието Allure во 2019 година.

„Сега се чувствувам посигурна од кога било. Го научив тоа многу порано. Не сакам да изгледам помладо, сакам да бидам жената која изгледала најдобро на нејзина возраст. Секоја жена треба да стигне до таа фаза кога може гордо да каже, горда сум на која сум јас“, рече таа пред неколку години.


Фото: Инстаграм/ Профимедиа

Можеби ќе ве интересира:

Наполни 64 години: Имала мозочен удар, дедо ѝ ја злоставувал, а сега доживеа уште една трагедија