Слатка мала трендсетерка: Ќерката на Јана Бурче е цела на тато Александар (ФОТО)

Пејачката и водителка Јана Бурческа и сопругот Александар со кој е во брак нешто повеќе од три години, се горди родители на ќерката Дона и малиот Дарин. 

 Сите велат дека Дона е „плукната“ на Александар. Дали е така и по карактер или сепак личи на мама Јана - во неодамнешно интервју за Женски магазин, Јана ни откри:

  - Во однос на физикусот на Дона едноставно „немам шанси” со Александар (се смее), меѓутоа во карактерот ми се чини дека е комбинација од двајцата. Упорна и решителна како тато, креативна и муабетчика на мама. Велат дека синовите се на мама, но во секој случај овде ќе речам дека најважно е — секако — детенцето да е здраво и живо. 

Јана ретко објавува фотки од децата на социјалните мрежи, но сепак понекогаш знае да изненади со некоја фотографија, како вчера кога ја објави малата Дона како ѝ ја кратат косата на фризер.


Дона пораснала и е преслатка мала трендсетерка. И дефинитивно личи на тато Александар.

(ФОТО) Јана Бурче конечно го покажа лицето на синчето: На кого ви личи?