Славната актерка и оскаровка Хилари Свонк за прв пат на 48 години ќе стане мајка: После оваа реченици ги остави сите во шок

Познатата актерка Хилари Свонк (48) во гостувањето во емисијата „Добро утро Америка“ откри дека ќе стане мајка на близнаци.

„Ова е нешто што долго го чекав, следното нешто што ќе ми се случи е да станам мајка. И тоа не на едно дете, туку на близнаци“, изјави Хилари Свонк и додаде дека е пресреќна.

Актерката со години кажува дека посакува да стане мајка. Таа истакна дека сака деца и дека мајчинството и е многу важно.

View this post on Instagram

A post shared by Hilary Swank (@hilaryswank)



Актерката и идна мајка е во брак со Филип Шнајдер од 2018 година, а зад неа е бракот со Чад Лоу, со кого се омажи во 1997 година, а се разведе во 2007 година.

Меѓу нејзините први улоги се издвојува една во серијата „Беверли Хилс“ од 1997 година, во која ја играше самохраната мајка Карли Рејнолдс.

Таа е двократна оскаровка, престижната награда и ја донесоа главните улоги во филмовите „Девојка од милион долари“ и „Момците не плачат“ во 2004 и 1999 година. За овие актерски достигнувања и беше доделен и Златен глобус. Таа е третата најмлада оскаровка во историјата.

„Не знам што направив за да го заслужам ова. Јас сум само девојка од камп приколка која имала сон“, изјави актерката по добивањето на втората награда Оскар.

Свонк и на социјалните мрежи ја сподели веста дека ќе стане мајка на близнаци.


Фото: Инстаграм Screenshot