Снаата на Лепа Брена тепала девојка од публиката, а таа ја плукнала: Александра Пријовиќ проговори за сите детали

Александра Пријовиќ изјави дека се степала на настап, бидејќи девојка од публиката ја навредувала!

Пејачката Александра Пријовиќ гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ чиј водител беше водителот и автор Огњен Амиџиќ. По тој повод Пријовиќ на почетокот на емисијата откри се‘ за физичката пресметка со девојка, која се случила на нејзин настап.

Според зборовите на младата музичка ѕвезда, една девојка од публиката покажала отворена нетрпеливост кон Александра, па цело време ја навредувала за време на нејзиниот настап. Како што се вжештувала ситуацијата, Александра откри дека по пресметката ја плукнала невоспитана девојка од публиката. 

- Да, удрив девојка на настап. Таа девојка ме навредуваше цел настап - изјави Александра во емисијата Амиџи шоу и продолжи:

-Тоа продолжи, а откако поминав покрај неа, таа ме плукна пред сите. Кога го видов тоа... Тогаш така изреагирав, ја удрив - изјави Пријовиќ, што ги изненади сите во студиото.


Фото: Youtube - screenshoot

Можеби ќе ве интересира: 

Александра Пријовиќ одговори на најтешкото прашање: Која е подобра свекрва - Лепа Брена или мајката на Филип?