Александра Пријовиќ одговори на најтешкото прашање: Која е подобра свекрва - Лепа Брена или мајката на Филип?

Лепа Брена заедно со Боба со многу љубов го израсна Филип и отсекогаш го сметала за свој син...

Јавноста со години коментира која ѝ е свекрва на Александра Пријовиќ. Иако обожавателите истакнуваат дека Зорица Накиќ е единствената свекрва која Пријовиќ може да ја има, со оглед на тоа што е биолошка мајка на нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ, Александра и Брена на некој начин ја доживува како свекрва.

Имено, Лепа Брена заедно со Боба со многу љубов го израсна Филип и отсекогаш го сметала за свој син. Поради овој факт, таа срдечно ја дочекала Александра, кога на Филип му кажа „да“ и стана дел од нивното семејство.

Од тогаш, исто како и Зорица, Брена е вклучена во чувањето на внукот Александар и со Александра има одличен однос.

View this post on Instagram

A post shared by Stefan Zivojinovic (@stefanzivojinovicfann)

„Брена и Боба беа прекрасни со мене и пред врската со Филип, а посебно сега кога сме семејство“ - откри Александра во интервју за „Скандал!“, а потоа се осврна и на тоа со која има подобар однос - со Брена или со свекрвата Зорица:

„Тешко е да се одговори на тоа прашање, бидејќи постојано сум во комуникација со двете. Брена доаѓа кога ќе може, како и Зорица. И двете ми се драги, бидејќи се дел од моето семејство“ - кратко и јасно Александра ја заврши оваа дилема.

фото: Принтскрин / Инстаграм