Софија Вергара го прослави 50-тиот роденден: „Изгледаш како да имаш 25 години“ (ФОТО)

За 50. роденден, Софија облекла долг бело-црвен летен фустан со длабоко деколте.

Колумбиско-американска актерка и манекенка Софија Вергара денеска го слави својот 50-ти роденден, а со своите следбеници сподели фотографии од „предроденденскиот ручек“.
 Имала две торти, а со семејството и пријателите уживала во шампањско и вино.


Таа насмеана позира со децата и семејството пред тортите, а обожавателите ѝ ги напишаа најубавите желби во коментарите.


„Како имаш 50 години?“, „Изгледаш како да имаш 25“, „Среќен роденден. Воопшто не си остарела. Убава си како и секогаш“, „Се надевам дека си среќна, среќна роденден“, ѝ пишуваат следбениците на актерката во коментари. 


Инаку, Вергара стана популарна по улогата на Глорија во серијата „Модерно семејство“ и поради тоа беше најплатената актерка на американската телевизија од 2013 до 2020 година.

извор:vecernji

Брутално убиство го промени животот на Софија Вергара: Актерката мина низ пекол и се разболе од опасна болест