Брутално убиство го промени животот на Софија Вергара: Актерката мина низ пекол и се разболе од опасна болест
Тешкиот живот на една
од најубавите жени на светот
Актерката Софија Вергара денес важи за една од најубавите жени на светот и е позната како личност која плени со насмевка каде и да се појави, но нејзиниот живот го одбележаа големи трагедии.
Во 2000 година ѝ бил дијагностициран рак на тироидната жлезда, за кој не сакала многу да зборува во јавноста бидејќи сакала да го заштити своето семејство од таквиот публицитет.
За болеста дознала случајно, кога го однела синот на лекар за контрола на дијабетесот. Докторот потоа ја прегледал неа и ѝ открил испакнатост на вратот и веднаш ѝ понудил операција.
Сето ова се случувало во моментот кога таа само што дошла во САД и почнала да ја следи својата кариера во големиот Холивуд.
Актерката, инаку, пораснала во Колумбија во време на големо насилство и трговија со дрога, а нејзиниот постар брат Рафаел бил убиен за време на обид за киднапирање во 1998 година. После тоа, Софија одлучила да се пресели во Мајами со нејзината мајка, сестра ѝ и помалиот брат.
Во тој период од нејзиниот живот, актерката постојано повторуваше дека тоа е вистински кошмар. Нејзиниот татко останал во Колумбија во тоа време, кој се развел од нејзината мајка во 1993 година, а починал во 2009 година.
Вергара му посветила тетоважа на својот прерано починат брат, на зглобот ја има истетовирано буквата „Р“.
По смртта на Рафаел, актерката прилично се зближила со својот помлад брат Хулио. Тој отишол да студира во Мичиген и таму започнал неговиот пекол.
Не знаејќи како да се справи со загубата на својот брат, се препуштил на дрогата, а во 2011 година актерката сакајќи да му помогне се обидела да го врати во Колумбија.
Според медиумите, тој во рок од 10 години бил апсен 30 пати, а по извесно време поминато во затвор во Мајами, бил депортиран во родната земја.
И на љубовен план, актерката немала многу среќа во младоста.
Нејзина голема љубов уште од детството беше Џо Гонзалес, со кој се омажи многу млада и со кого го доби синот Манол. Сепак, тие се разведоа во 1993 година.
Во 2012 година, актерката се сврши со филмскиот продуцент од Њујорк, Ник Лоба, но нивната љубов „пукна“ по две години. Тој ја тужел затоа што наводно сакала да ги уништи ембрионите кои ги замрзнале додека биле заедно.
Тоа го направиле откако на Софија ѝ рекле дека не може да има друго дете по природен пат, па се свртеле кон ин витро оплодување. Таа ги негираше обвинувањата на Лоб, а нејзиниот адвокат подоцна рече дека јајце клетките ги оставила засекогаш.
Сепак, на крајот среќата ѝ се насмевна, и од 2014 година е вљубена во Џо Манганиело.
На крајот се чини дека Вергара сепак ја најде својата среќа, со шармантниот Џо Манганиели, со кој е од 2014. Се венчаа по една година врска на Палм Бич.
Фото: Инстаграм/Софија Вергара
Синот на Софија Вергара порасна во вистински убавец: Убавината ја наследи од својата мајка, а еве што е по професија (ФОТО)