Соседите на Милош Биковиќ откриваат каков е приватно: Девојките го обожаваат, а од една жена не се разделува

Како што наведуваат, актерот е сѐ почесто во Белград, па постојано го гледаат...

Милош Биковиќ веќе со години е на самиот врв на популарноста кога се српските актери во прашање, а успешен е и во Русија. За некој како што е тој можеби би помислиле дека е вообразен и надмен, но неговите соседи тврдат дека тој не е таков.

Како што наведуваат, сѐ почесто е во Белград, а се однесува како целиот нормален свет и никој немал некое лошо искуство со него.

„Го гледаме сѐ почесто, мислам дека сега е повеќе во Белград, отколку во Русија. Често луѓето ме прашуваат зошто ми е драг, бидејќи делува како главата да му е во ѕвездите, па им посочувам дека Милош е многу приземно и културно момче, воопшто не е вообразен“ - започна една госпоѓа и додаде:

„Многу ми е драг, секогаш се радувам кога ќе го сретнам, а и тој мене. Секогаш застанува да позборува, и постојано е насмеан, сите ги поздравува. Никој од нас во маалото немал лошо искуство со него“.

Како и сите останати, Милош нормално оди во продавница, седи во локалното кафуле и ужива да им раскажува анегдоти од снимањата на своите соседи.

„Милош е еден прекрасен господин. Доаѓа кај нас во кафето и е многу љубезен“ - кажа кратко келнерот кој го услужува, а на менаџерот на кафулето, ја искористи оваа можност за да го пофали еден од омилените гости во локалот.

„Биковиќ е супер лик, секогаш се поздравува и седнува кај нас да се напие нешто. Некогаш доаѓа и деловно со партнерите, некогаш се фотографира во нашиот локал. Секогаш остава бакшиш и е еден голем џентлмен. Кога има девојка тогаш некогаш доаѓа и со неа, а кога нема доаѓа сам. Имам само пофални зборови за него“.

Актерот е многу поврзан со своето семејство, па така често го гледаат со мајка му.

„Милош често го гледаме со мајка му, често и таа е со него во станот. Всушност, не знам, можеби тука и живее. Она што ме радува е да ги гледам кога шетаат и се смеат заедно. Не е од оние кои заборавиле на сѐ кога станале популарни. Тој сигурно има малку слободно време, но затоа го поминува со драги луѓе. Понекогаш слушам и кога зборува на телефон со неа и ја советува, се гелда дека е внимателен, но деталите не би ви ги откривал“ - вели еден постар господин за „Супер ТВ“.

Покрај тоа што е успешен во својата работа, тој е еден од омилените и кај девојките, кои постојано го следат.

„Како што би кажале вие новинарите „мами воздишки“. 

фото: Принтскрин / Инстаграм