Совршен подарок за вашиот партнер: „Мatching“ белезици за Денот на вљубените

Добивај вести на Viber

Денот на вљубените е годишна прослава која се одржува на 14-ти февруари со славење на љубовта и приврзаноста помеѓу интимните партнери. 

Традиционално е ден на кој вљубените ја изразуваат нивната љубов меѓусебно со подарување цвеќиња, нудење слатки производи и праќање картички. Модерните симболи на Денот на вљубените вклучуваат заоблени срца, гулаби и фигура на криластиот Купидон. 

Доколку сѐ уште не сте одлучиле што ќе му подарите на својот партнер, ние ќе ви помогнеме во изборот. 

За да имате оргинален подарок за вашиот сакан, а воедно да имате нешто што на двајцата ќе ви значи, треба да изберете „matching“ белезици. На нив може да бидат изгравирани вашите букви или пак порака која е важна и ја опишува вашата љубовна приказна. 

Изгледаат модерно и се тренди моден додаток за секоја модна комбинација, а може да ги најдете во продавницата на италијанскиот бренд Rebecca Macedonia.