Срцето на нејзиниот син престана да чука: Го изгуби бебето во 7-миот месец од бременоста, а денес се бори вака

Во 7-миот месец од бременоста, Аманда забележала дека нејзиното бебе во стомакот повеќе не се движи ...

Британската актерка Аманда Холден (50) ги откри сите детали за присилното раѓање на нејзиното починато бебе, синот Тео, што се случи пред 10 години и остави лузна во нејзиниот живот засекогаш.

Имено, во утринската програма на радиото „Heart“, Аманда им оддаде почит на медицинските сестри кои се грижеа за неа по тешкото породување.

Поранешната членка на жирито на „Британија има талент“ со нејзиниот сопруг Крис Хјуз има две ќерки Лекси и Холи, а во 2011 година требаше да се роди синот Тео.

Во 7 месец од бременоста, Аманда забележала дека бебето повеќе не се движи во нејзината матка. Таа се подготвила и отишла на лекар кој и го потврдил она од што најмногу се плашела, срцето на нејзиниот син престанало да чука.

Бидејќи била премногу вознемирена за да се породи природно, Аманда била однесена на царски рез во „West Minister University Hospital“.

Лекарите направија се што е во нивна моќ, но британската актерка роди мртвородено бебе.

Медицинските сестри Џеки Неш, Пипа Најтингел и Натали Картер и помогнаа да се справи со страшната загуба. По повод Меѓународниот ден на медицинската сестра, актерката зборуваше на радио за вработените во „Националната здравствена служба“ и им се заблагодари за помошта што ѝ ја пружиле кога била „на дното“.

- Лично, би сакала да им се заблагодарам на медицинските сестри. Знам дека многу зборувам за тоа и никогаш нема да знам кога е премногу. Но, тие ми помогнаа кога ми беше најтешко - рече актерката.

- Заедно со трите сестри, чии имиња јавно ги споменав, имаше и друга, но не го знаев нејзиното име. Ах, тоа беше таа медицинска сестра што ми ја чешлаше косата кога косата ми се заплетка, ме хранеше, ми облече бањарка, сè за да не се исплашат моите кога ќе ме видат. Не знам која си, но ќе ти бидам засекогаш благодарна - рече Аманда.

View this post on Instagram

A post shared by Amanda Holden (@noholdenback)



Фото и Видео: Инстаграм/

Можеби ќе ве интересира:

Нејзиниот сопруг се обеси, син ѝ почина во страшна несреќа, а таа умре од скршено срце: Една од најубавите жени на светот со една реченица го опиша својот живот од пеколот