Старо народно верување: Што да ставите во паричникот за да привлечете големо богатство

Наредете го вашиот паричник вака и привлечете пари!

Ако го уредиме домот според правилата на фенг шуи, ќе привлечеме добра енергија, мир и благосостојба. А сè повеќе луѓе ја користат оваа древна кинеска вештина што создава хармонија со употреба на енергија, и дали знаевте дека постојат одредени правила кога станува збор и за избор на паричник?

Правилата на фенг шуи и старото народно верување се совпаѓаат во едно, паричникот што го користиме треба да биде црвен. Црвената боја е симбол на просперитет и предизвикува убави емоции.

Најдобро е да изберете правоаголен паричник. За складирање на монети, подобро е да изберете правоаголна торбичка, но не е препорачливо да ставате хартиени банкноти во истиот паричник.

Избегнувајте сини паричници. Сината боја е симбол на вода и буквално „мие“ пари од паричникот.

Обавезно ставете го ова во вашиот паричник:

Добрата енергија привлекува добра енергија, па затоа во еден од одделите во паричникот ставете парче хартија на која сте си напишале афирмација рачно, порака до себе, можеби дури и чек што сте си го напишале за одредена сума и нема да ја уновчите, како симбол за привлекување добра енергија.

Покрај овие два чекори, не би било лошо да ги следите следниве правила за привлекување пари:

1. Чистење

Извадете сè од вашиот паричник, скоро сè. Избришете го целиот со влажна крпа од микрофибер за да го исчистите.

2. Сортирајте сè што ќе најдете внатре

Веројатно имате еден куп потврди, сметки или ливчиња хартија што навистина не ви требаат. Ако има такви што мора да ги чувате, нивното место не е во вашиот паричник, туку некаде во куќата каде што чувате други документи поврзани со финансиите. Отфрлете ги сите членски картички со истечен рок и напишете ги броевите од деловните картички на телефонот.

Не заборавајте на готовината - исправете ги банкнотите убаво и потоа наредете ги. Колку пати сте барале пари, затоа што не знаете каде е секоја банкнота? Наредете ги банкнотите по вредност, од најмали до најголеми и секогаш чувајте ги така. Ова е првиот чекор кон излегување од „хаос“ од вашиот паричник и ќе ви значи многу.

3. Каде да се чува причникот?

Го средивте паричникот, тој е подготвен да привлече добра енергија и изобилство, сега не би било добро само да го ставите во торба полна со хаос. Нека средувањето на чантата е вашиот следен чекор.

изво:stil.kurir.rs
фото:pixabey.com