Стил // Стил на денот
Стил на денот: Ева Лонгорија во портокалов фустан каков треба да имаме сите за ова лето
Ева Лонгорија беше меѓу првите кои пристигнаа во Кан, и го покажа својот совршениот дневен стил.
Таа прошета по улиците на Кан во тесен, светло портокалов фустан до колена, кој го искомбинира со рамни, бели патики. Ова е едноставно, практично издание кое лесно се копира, а кое навистина остава впечаток и е идеално за секојдневните обврски. Токму портокаловата боја ќе ја одбележи оваа сезона, па затоа мора да имате вакво парче во вашиот гардеробер ова лето.