Александра Пријовиќ на рака носи 18.000 евра: Заработи милиони од турнејата, а на социјалните мрежи се пишува за нејзиниот накит
Александра Пријовиќ секогаш носи две скапи парчиња накит.
Александра Пријовиќ вложи многу пари во својата турнеја „Од исток до запад“, а многу пари се потрошени за накит и облека.
Пејачката од почетокот на турнејата одржала дури 37 концерти во 13 градови, како во Србија, така и во регионот, а посебно се потрудила за секој настап да има различен иглед, што е огромен трошок.
Нејзините скапи костими беа подеднакво привлечни како и накитот што го носеше за да одговара на нив.
На еден од концертите, Пријовиќ даде интервју за медиумите, при што нејзиниот прстен и нараквица ги привлекоа сите погледи. Многумина би рекле дека се работи за едноставен накит и дека не чини многу, но пејачката вечерта на раката носела нешто помалку од 18.000 евра.
Нејзиниот прстен од познат бренд чини 3.450 евра, додека за нараквица платила дури 14.500 евра.
Фото: Инстаграм
Извор: Mondo.rs