Стил // Стил на денот
Стил на денот: Ланчето на Каролина Гочева кое може да го имате и вие
Една од нашите најпознати македонски пејачки Каролина Гочева повторно воодушеви со својот стил викендов, за концертите посветени на Тоше и Аки во Битола.
Таа изгледаше одлично во едноставни црни комбинации, кои важат за безвременска класика.
Но она кое остави најголем впечаток се ланчињата на пејачката. Нежни, а сепак со огромно значење. Пејачката избра ланче со нејзината буква „К“, како и нежно ланче со за неа важни натписи.
Токму ваков накит, може да имате и вие, односно да изберете нешто од богатата колекција на омилениот бренд на Гочева, „Rebecca Macedonia“.