Стил // Стил на денот
Стил на денот: Блејзерот на Елена Ристеска - модно парче кое секоја жена треба да го има
Таа е една од најубавите и најстилизираните пејачки на нашето естрадно небо
Елена Ристеска веќе 20 години е присутна на македонската музичка сцена. Девојчето со шарени чорапчиња, денес е остварена жена, претприемачка и секако пејачка. И по 20 години интересот за нејзината музика не престанува, а каде и да се појави, прави забава за која долго се зборува.
Овој пат за нејзиниот настап Елена избра корсет и кратки панталони во црна боја кои ги искомбинира со црни хулахопки и сандали.
Она што разби монотонија беше светлокафениот блејзер кој е модно парче што е задолжително за оваа сезона.