Стил на денот: Меган Маркл во отмена црна комбинација која ќе посакате да ја копирате
Актерката Меган Маркл се појави на онлајн панелот „DealBook“ организиран од Њујорк Тајмс, на кој се дискутираше за важноста на економијата и еднаквоста на жените.
Војвотката од Сасекс особено внимание посвети на темата платено породилно отсуство за кое неодамна напиша отворено писмо до Конгресот. Но, на социјалните мрежи се коментира повеќе за нејзиниот костум отколку за оваа тема, бидејќи носеше нешто што никој не мислеше дека ќе го облече.
Фото: PRINTSCREEN/YOUTUBE
Имено Меган изгледаше отмено и дамски во целосно црната модна комбинација. Таа носеше црн џемпер, црни панталони, ремен со потписот на Салваторе Ферагамо и црни салонки. Но целото внимание го украде црвениот цвет на афион со кој ја одбележа британската недела на сеќавање на жртвите на Комонвелтот во светските војни и последователните конфликти.
Извор: kurir.rs