Стил // Стил на денот
Стил на денот: Првата дама Елизабета во капут кој е чиста перфекција
Ретко сме имале Прва дама, а да има одличен стил на облекување кој се граничи со чиста софистицираност, елеганција и отменост. Токму тоа го демонстрира Елизабета Ѓеоргиевска, сопругата на претседателот Пендаровски. Со секое нејзино појавување таа остава модна трага која воопшто не е нападна, туку исполнета со естетика. Точно знае што ѝ стои и точно знае што да облече за содветен настан.
Неодамна, во една прилика носеше фантастичен капут во бела боја. Креацијата има строг крој, но разигран во долниот дел со благ волумен, а надополнет е со ремен или појас во половината. Комплетиран е вешто со брош и чевли кои кореспондираат целосно со капутот.
Насловна фото: Вангел Тануровски