Стил // Стил на неделата
Стил на неделата: Заблескајте во виолетово како Бијонсе
Колорните бои ова лето се апсолутен хит, а оваа недела ќе биде во духот на виолетовата.
Најдобро искомбинирана, оваа боја, ја имаме во еден од последните комбинации на поп дивата Бијонсе. Карираниот бело - виолетов фустан, виолетовата чантичка, виолетовиот кармин и очила за сонце се одлично искомбинирани со бели чевли.
Доколку се двоумите што да носите оваа недела, овој смел изглед на Бијонсе може да ви послужи како инспирација.