Страшната вистина за бракот на „најтажната принцеза во светот“: Пред свадбата го доби ова ужасно ветување

Принцот Алберт од Монако (63) се соочува со зголемен притисок да го открие статусот на неговиот брак со принцезата Шарлин (43), имајќи предвид дека парот е разделен со месеци, наводно затоа што таа престојува во својата татковина Јужна Африка поради болест. Сепак, се повеќе се шпекулира дека Шарлин конечно избегала од кнежевството и од несреќниот брак.

Дека несогласувањето меѓу сопружниците дефинитивно постои се докажува со новите гласини дека Алберт присуствувал на балот на Црвениот крст во Монако во јули заедно со неговата поранешна љубовница Никол Коста и нивниот вонбрачен син Александар Грималди Коста (18). Фотографиите што веќе некое време кружат на социјалните мрежи се погрижија ова да не остане само гласина. 

Старата љубов на Алберт е повторно актуелна?

Патем, 63-годишниот државник беше неколку години во страсна врска со мајката на Александар, Никол, стјуардеса од Того, но неговиот татко, принцот Рение Трети, го принуди да ја прекине оваа врска. Тие добија син во 2003 година, во време кога тој веќе беше во врска со Шарлин, но Алберт го призна дури во 2005 година, откако Никол излезе во јавност со докази и ДНК тест. 

„Вистина е дека Алберт не го виде својот син од минатиот септември. Стана невозможно откако се ожени со таа девојка. Претпоставувам дека е нормално новата жена да се чувствува така. Но, таа треба да мисли на моето невино дете. Не сакам да ја напаѓам, но мислам дека тоа е љубомора, а не знам зошто? Поминав низ пекол борејќи се за името и иднината на мојот син", рече Коста во 2014 година.

Месеци далеку од дома

Да потсетиме, Шарлин последен пат беше видена во Монако во јануари оваа година, а таа со месеци престојува во Јужна Африка поради „сериозната синусна инфекција“ што ја заработи таму. Поради нејзиното продолжено отсуство, принцезата пропушти важни државни настани, а во исто време беше разделена од своите деца - близнаците Габриела и Жак. 

Двојката неодамна се обиде да ги прикрие гласините, со тоа што Алберт и близнаците  поминаа неколку дена во Јужна Африка, и објавија заеднички фотографии. Меѓутоа, експертот за говор на телото ги означи овие фотографии како „непријатни“ и дека на фотографиите не може да се види „никаква емотивна врска“ помеѓу принцот и принцезата. Се појавија и гласини дека Шарлин бара куќа во Јоханесбург.

„Колку долго принцезата може да се држи подалеку од своите деца, нејзините должности? Колку долго борбата против ловот на носорог ќе остане приоритет за принцезата од Монако", пишува „The Telegraph“.

Од друга страна, „Тајмс“ ја пренесува изјавата на Стефан Берн, познавач на кралската ситуација во Монако, дека Шарлин ретко останувала во кралската палата со Алберт и дека всушност живее сама во стан над луксузна продавница за чоколади.

Две познати вонбрачни врски и три вонбрачни деца

Споменатиот Александар не е единственото вонбрачно дете на Алберт - во раните 90-ти тој исто така доби ќерка, Јасмин Грејс Грималди, во афера со извесна Тамара Ротол. Но, детето што всушност најмногу ја загрижува Шарлин е 16-годишно девојче чие постоење е откриено неодамна.

Имено, минатиот септември, принцот од Монако доби писмо од неговото наводно, непризнаено дете, во кое меѓу другото било напишано: „Не разбирам зошто пораснав без татко, и сега кога те најдов, не сакаш да ме видиш“. Набргу потоа, против него беше покрената тужба од неименувана Бразилка, која тврди дека заедно го обиколиле светот и дека добиле ќерка во јули 2005 година.

Ова тврдење, кое неговите адвокати го окарактеризираа како „измама“, е особено болно за Шарлин, која се соочи со вистината дека била измамена повеќе од еднаш. 

Лошите односи меѓу сопружниците укажуваат и на долгогодишното незадоволство на самата Шарлин, што лесно можеше да се прочита на нејзиното лице - скоро секогаш намуртено и без насмевка, поради што го доби прекарот „најтажната принцеза на светот".

„Луѓето брзаат до заклучоци и се прашуваат зошто ретко се смеам на фотографии. Понекогаш ми е тешко да се смеам. Луѓето не знаат што се случува во позадина", рече таа во јануари 2020 година.

Мистериозна болест ја кочи да се врати?

Неодамна, 43-годишната девојка за јужноафриканските медиуми изјави дека целата ситуација била многу фрустрирачка за неа. 

„Едвај чекам да се вратам, да ги видам моите деца. Ова е најдолгиот период на отсуство од Европа, и моите деца. Поголемиот дел од денот го поминуваме на Фејсбук, а тие неодамна беа со мене и ќе се вратат после мојата операција. Ова е неверојатна можност да бидам тука, но јас сум тажна затоа што не можев да бидам со моите деца, требаше да се вратам по 12 дена, но се покажа дека требаше многу повеќе време за да се реши проблемот што го имам. Не навлегувам во детали, но не можам да го забрзам третманот, така што ќе бидам стационирана во Јужна Африка. Не можам да летам над 3.000 метри, инаку ќе имам проблеми со увото", објасни Шарлин.

Но, кралските извори тврдат дека Шарлин засега нема намера да се врати, а тоа наводно влијае врз нејзиниот имиџ во јавноста во Монако.

„Од заминувањето на принцезата, јазиците се олабавија. Нејзиниот убав сјај згаснува, и мислат дека е исцрпена. Разочараните жени од Монако зборуваат за нејзиниот латентен бес, нејзиното чудно расположение, промена на фризурата", пишува кралскиот аналитичар Берн, алудирајќи на избричената глава на принцезата, што се смета за израз на револт кон ситуацијата во која се нашла. 

Бракот од самиот почеток беше проблематичен

Инаку, овој брак беше пропратен со големи проблеми уште од самиот почеток.

Алберт се ожени со Шарлин, која е две децении помлада од него, во 2011 година, по 11 години врска ... Двојката ја започна својата романса уште во 2000 година, за време на натпреварот за пливање во Монте Карло, каде што Шалин беше натпреварувачка. Имено, таа долго време била многу успешна во пливање, а ја претставувала Јужноафриканската Република, каде ги поминала детството и младоста.

Јавноста дозна за нивната романса во 2006 година, кога почнаа да живеат заедно, а веридбата следеше четири години подоцна. Свадбата се одржа по неколку месеци, а интересно е што за време на церемонијата, Шарлин носеше елегантно светло сино одело со потпис на Карл Лагерфелд. Оваа нијанса беше наречена Шарлин сина, но еден ден подоцна на гала забавата, Шарлин сепак се појави во луксузна венчаница дизајнирана специјално за неа од Џорџо Армани. 

Поради овој брак, Шарлин ја промени својата вера во римокатоличка, иако беше израсната како протестантка, а исто така мораше да се откаже од спортската кариера, да го совлада францускиот јазик и локалниот дијалект на некои од жителите на Монако и да ги научи правилата на Европскиот суд. И не само таа направи жртва поради овој брак, туку и целото нејзино семејство, кое потоа исто така се пресели во Монако.

Има интересни гласини за кои се зборуваше во пресрет на венчавката - неколку медиуми тврдат дека Шарлин се обидела да избега од Монако, на денот кога Алберт наводно го признал своето трето вонбрачно дете. Напишано е дека се обидела да се качи на авион во Ница, но монегаската полиција ја пресретнала и буквално и го украла пасошот. 

Потоа, на Алберт, како и на другите претставници на палатата, му требаше долго време да ја моли за прошка и да ја убеди да остане, барем додека не роди легитимен наследник. 

„Шарлин ќе обезбеди наследник, а ако работите не се одвиваат добро, таа ќе добие дарежлив развод откако ќе помине некое пристојно време“, рече тогаш еден извор.

Подоцна, Шарлин овие приказни ги нарече „одвратни лаги предизвикани од љубомора“.

Шпекулациите не застанаа овде - многумина ги протолкуваа солзите на принцезата на венчавката во црквата како „знак на тага и очај“, а дополнителниот „оган“ беше разгорен од фактот што парот престојуваше во различни хотели првата ноќ од нивниот меден месец.


Фото: Инстаграм/Profimedia

Конечно е откриена вистината: Еве зошто принцезата со месеци не се појавува во јавноста и е далеку од семејството