Сум бил сведок на врсничко насилство: Интервју со Петар од „Фамилијата Марковски“
Петар Петковски е момче кое го запознавме сите преку малите екрани. Во 2017 година влезе во актерските води и првиот проект во кој учествуваше е играната серија „Фамилијата Марковски“. Улогата на Бојан донекаде кореспондира со неговиот приватен живот, бидејќи ликот е на иста возраст со него. Што им е заедничко, но и во што се разликуваат Петар и Бојан оценете по одговорите на овој успешен тинејџер.
# Во глумата влезе сосема неочекувано, а веќе втора сезона си во серијата „Фамилијата Марковски“. Ќе може ли да ни раскажеш како стана дел од оваа серија?
На ова прашање имам одговорено доста пати, имаше отворен кастинг и јас отидов да и правам друштво на сестра ми, немав план да се пријавам затоа што не верував дека сум способен за такво нешто ама затоа судбината имала поразличен план од мојот.
# Бојан, ликот што го глумиш во серијата е тинејџер исто како тебе. Што им е заедничко, а што различно на Петар и Бојан?
Бојан и Петар се исто „годиште“, двајцата се бунтовни и поминуваат низ слични ситуации во животот, разликата е што Бојан ги решава проблемите на различен начин од Петар, со снимање видеа, додека Петар не го сака тој начин на изразување. Може да се каже и дека Бојан e похрабар.
Целото интервју прочитајте го на ХАШТАГ.МК