Својата најубава балада ѝ ја посвети на оваа актерка: Му беше голема љубов на Здравко Чолиќ, но никогаш не биле во врска

Јасна тврди дека никогаш не биле заедно...

Здравко Чолиќ е еден од најдобрите пејачи на просторите на поранешна Југославија. Неговите песни и понатаму се пеат, а малку е познато дека еден од неговите најголеми хитови „Ноч ми те дугује“, ја има посветено на една позната актерка, Јасна Орнели Бери.

Таа била голема љубов на пејачот, за која многу малку се зборувало во јавноста. Се заљубиле во Сараево, а Јасна своевремено откри детали од нивниот однос во една емисија:

„Секогаш дел од моето срце ќе биде резервиран за него. По војната првпат се сретнавме во Белград, тоа беше многу емотивна средба која никогаш нема да ја заборавам. Тој е фантастична личност и својата харизма успешно ја одржува и денес. Пред сѐ, тој е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Ноч ми те дугује“, која ја напиша сам“ - кажа актерката и напомена дека тие двајца никогаш не биле во врска, но дека односот им бил специфичен.


„Не можам да кажам дека се забавувавме или дека бевме во врска. Тоа беше посебен однос, кој трае и денес. Тоа и понатаму е љубов која не можете да ја помилувате и држите за рака. Здравко засекогаш ќе остане сечиј и ничиј“ - изјави Јасна во една емисија.

Денес, Здравко е во среќен брак со Александра веќе долги години, со кои ги има ќерките Уна и Лара, додека Јасна ја паметиме од филмовите „На путу“, „Грбавица“, „Нафака“, како и филмот „У земљи крви и меда“, кој го режираше Анџелина Џоли.

Фото: В.Тануровски