Таа работи на јахта и им ги исполнува желбите на милионерите: Платата ѝ е голема, а еве што се мора да трпи од разгалени богаташи

Добивај вести на Viber

Работата на работниците на јахти и ексклузивни бродови не е толку светла и чудесна. Една работничка откри што се крие зад сиот тој сјај и гламур

- Секое барање, без разлика колку е чудно или лудо, наша должност е да го исполниме тоа, изјави Жизел Азуета (39), работничка на суперјахта која ги откри прилично бизарните барања на гостите. Како што тврди за „Дејли мејл“, работниците на суперјахти не го знаат зборот „не“ и никогаш не смеат да им го кажат на гостите, се додека барањето не е од интимна природа или претставува закана за здравјето и животот на членови на екипажот.

39-годишната девојка почна да работи пред неколку години на изнајмена јахта, работа за која рече дека е добро платена, но и површна. Иако работата е стресна, Жизел го сака морето и страсно ужива во патувањето, а работата на јахта набрзо стана нејзина работа од соништата. Меѓутоа, зад тој сјај се крие другата страна на паричката.

- Во една прилика, еден мултимилионер гостин му предложил на член на екипажот да изврши нужда врз стаклена маса додека тој лежел под неа, а тој за тоа ќе му плати 10.000 долари. Друг гостин посака една од хостесите цело време да стои во аголот и да го гледа додека вечера“, откри вработената.

Кога станува збор за вработување на суперјахти, сопствениците на суперјахти бараат екипаж што одговара на самиот изглед на бродот. Како што вели Жизел, тие мора да бидат убави како нивната јахта.

„Затоа гледате многу млади и убави луѓе во оваа индустрија, мора да бидете во форма“, вели таа.


foto: freepik