Тајниот јазик на приборот за јадење: Како правилно да ги поставите ножот и вилушката во однос на пораката која сакате да ја испратите

Соодветно распоредување на приборот за јадење, кога пиеме или кога имаме пауза, или кога ќе го завршиме оброкот, е важно за правилно да му дадеме до знаење на домаќинот или келнерот во ресторанот, за тоа дали нашата чинија е подготвена за раскренување или не, дали храната ни се допаднала или не.

Со ножот и вилушката можете да го изразите вашиот ентузијазам или критика за јадењето.
Важно е да знаете и дека не треба да оставате неискористени додатоци на масата или чаршавот или на салфетката. 

Кои пораки може да се изразат со прибор за јадење? 

„Пауза во оброкот“ – приборот за јадење поставен на чинијата кон врвот, така што со горниот дел се формира пирамида

„Готово“ – приборот за јадење лежи на чинијата паралелно, со рачките надолу. Краевите на приборот за јадење во никој случај не треба да се потпираат на работ на чинијата или на масата. 

„Сè беше одлично“ – приборот за јадење е нареден паралелно во хоризонтална положба во средината на чинијата, со рачките на десната страна. 

„Храната немаше добар вкус“ – приборот за јадење е нареден речиси исто како „пауза во оброкот“, но приборот за јадење е вкрстен на врвот на чинијата. 

„Подготвени за повеќе“ - приборот за јадење е позициониран во крст; со хоризонтално-вертикално вкрстени нож и вилушка.

ВИДЕО: