Таткото на Меган Маркл: Се однесува крајно некултурно, почна да го навредува кралското семејство

Војвотката од Сасекс гостуваше во шоуто на Елен Деџенерис

Меган Маркл неодамна гостуваше во шоуто на Елен Деџенерис, а реакциите за нејзиниот изглед не престануваат. Додека некои беа среќни што ја видоа во шоуто, други го критикуваа нејзиното однесување.

Нејзиниот татко Томас Маркл, со кого Меган не е во добри односи, исто така е голем критичар. Ова е причината поради која ја користи секоја прилика да ја критикува. Според Томас Маркал, неговата ќерка ја навредувала кралицата Елизабета Втора, кралското семејство и Британците воопшто.

„Таа се однесува како целосна будала и мора да ја загуби титулата. Ја сакам ќерка ми, но нејзиниот настап беше смешен“, изјави Томас за „The Sun“.

Меган се согласи да се пошегува во шоуто и да направи многу необични работи. Војвотката од Сасекс клечеше, скокаше, пееше, допираше предмети по лицето, дури и пиеше млеко од шишенце со цуцла во шоуто на Елен.


Фото: Screenshoot/theellenshow