Пиеше млеко од бебешко шише, скокаше, пееше, откри досега непознати детали: Цел свет е во шок од гостувањето на Меган Маркл кај Елен Деџенерис

Зошто цел свет зборува за гостувањето на Меган Маркл кај Елен Деџенерис, чие однесување е оценето како очајна потреба за публицитет.

Меган Маркл гостуваше во емисијата на Елен Деџенерис и по тој повод зборуваше за среќниот живот во Калифорнија со принцот Хари и децата. Сепак, никој не очекуваше да ја види поранешната војвотка во хумористичното издание што го прикажа за време на скриената камера што ѝ ја подготви водителката.

Токму поради тоа, британските медиуми ја оценија хумористичната постапка на Меган како уште еден обид да се дистанцира од кралското семејство, а истовремено цел свет остана шокиран од нејзиното однесување, но и самото гостување со оглед на тоа што ги напуштија кралските должности токму од причината да ја зачуваат приватноста, а сепак одбра да гостува во емисија каде зборуваше токму за нивниот приватен живот откривајќи досега непознати детали.

За време на гостувањето Меган излезе од студиото за да приреди „шоу“ со продавачите на паркингот, па „мораше“ да ги следи упатствата кои Елен ѝ ги кажува преку скриена слушалка во увото.

Елен ѝ даваше чудни наредби па таа ги исполнуваше.
Скокаше, ставаше работи на глава, грицкаше како верверица, пееше, викаше „На мама ѝ треба млеко“, потоа од чантата извади бебешко шише млеко и почна да пие, поради што продавачот не можеше да го скрие изненадувањето.

Како изгледаше сето тоа погледнете во видеото подолу:

View this post on Instagram

A post shared by Ellen DeGeneres (@theellenshow)


Таа покажа и досега необјавена фотка од Арчи како ги храни кокошките.

Зборуваше и за тоа како со Хари отишле на забава без никој да знае дека се тие:

View this post on Instagram

A post shared by Ellen DeGeneres (@theellenshow)


Експертот за кралското семејство и авторка на книгата за Хари, Анџела Левин, ја критикуваше Меган за нејзината „очајна потреба од публицитет“. Таа истакнува дека ова интервју доаѓа во време кога кралицата Елизабета Втора не е во најдобра здравствена состојба, а ова интервју го смета за „непристојно“.

Анџела додава дека ова не е првпат Меган да избира „погрешно време“ за да се огласи, исто како кога разговараше со Опра, а во тој момент во болница бил сопругот на кралицата, принцот Филип.

„Мислам дека палатата се плаши од сè што може да каже, бидејќи може да биде толку груба“, рече таа за претенциозното однесување на Меган како да е најголема холивудска ѕвезда.