Холивуд ја имаше Мерилин Монро, ние Билјана Дебарлиева: Објави фотографија од младоста и гледате самите- поубава од актерката

Фото: Instagram/www.flickr.com

Билјана Дебарлиева, познатата водителка и презентер на вести, во декември минатата година го прослави својот 49-ти роденден. Но ретко кој би ѝ дал толку години, бидејќи таа навистина изгледа прекрасно.

Важи за една од нашите најнегувани дами од јавниот живот, и не за џабе велат дека е македонската Мерлин Монро.


На Тв екраните е од деведесетите години, почнувајќи ја кариерата во Македонската радио телевизија. Токму од тој период сподели фотографија на својот профил на Инстаграм. Може да забележиме дека Дебарлиева воопшто не се променила и ја има истата убавина уште од младоста.

- Некои заборавени фотографии ти го даваат она чувство дека е убаво да се потсетиш на младоста. Далечната 1998-ма, 99-та - напиша Билјана во описот.

Билјана е во среќен брак со Јован, со кого имаат две деца Ана и Мики.