Заљубени и распеани со сопругот: Шармантната Билјана Дебарлиева го прослави 49-от роденден (ФОТО)

Ретко кој би ѝ дал 49 години.

Билјана Дебарлиева, познатата водителка и презентер на вести, вчера го прослави 49-от роденден.

Водителката која важи за една од оние со најмил глас, по повод овој посебен ден, објави и фотографии со сопругот Јован, со кој е 27 години во брак.
На фотките двајцата се роденденски расположени, распеани и заљубени.

За младешкиот изглед и за коментарите дека изгледа доста помлада од возраста, таа, во роденденско интервју за Женски магазин, минатата година, раскажа дека во поглед на негата нема нешто што посебно би го издвоила, освен оние вообичаени утрински и вечерни ритуали на нега на кожата со препарати што одговараат на нејзиниот тип кожа и на годините.

„Одам на редовни козметички третмани, користам креми со заштитен фактор, зашто знаеме дека сонцето ја старее кожата, многу вода, овошје, зеленчук, позитивна мисла и насмевка. Би ја додала овде и генетиката и сето тоа заедно придонесува за свежина во изгледот“, раскажа тогаш шарматната презентерка за Женски магазин.

Инкау Билјана е горда мајка на две деца.

Поврзани вести:

Минатиот месец прослави 26 години брак: Погледнете каква невеста била Билјана Дебарлиева

Билјана Дебарлиева: Далечна ни беше Кина во јануари