Мозочен удар снимен со камера: Го земала телефонот и забележала сѐ, од згрчување на лицето до грч на рацете (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Таа сфатила дека тоа е состојба која се јавува пред мозочен удар, па решила да ги сними симптомите со својот мобилен телефон, за да им помогне на другите навреме да препознаат што се случува и да побараат лекарска помош што е можно поскоро.

Стејси Јепс (49) возела дома од работа кога одеднаш почнала да губи контрола над левата страна од телото.

Таа сфатила дека тоа е состојба која се јавува пред мозочен удар, па решила да ги сними симптомите со својот мобилен телефон, за да им помогне на другите навреме да препознаат што се случува и да побараат лекарска помош што е можно поскоро.

- Чувството се повторува... - вели Стејси, додека десната страна од лицето ѝ се движи неконтролирано, принудувајќи ја благо да се насмее. Тaa вели дека чувствува скокоткање на левата страна од лицето, во пределот на устата.

- Докторот ми рече да дишам и да издишувам (ако тоа се случи), за да го намалам стресот - вели Стејси.

Foto: Youtube/Printscreen