Тој е најсекси маж на планетата, а има 47 години: Новите фотки од Дејвид Бекам по костим за капење ги спобудалија жените

фото:Profimedia

Го нарекуваат најзгодниот пензионер на светот, а тој е и еден од најбогатите луѓе на планетата. 

Дејвид Бекам „жари и пали“ со новите фотографии во костим за капење.

Дејвид Бекам и Викторија Бекам леото го минуваат на јахта. Овој пат нивната дестинација е Мајами. Бекамови уживаат во сончевите денови, посветувајќи се максимално на уживањето.

И додека сите ја коментираме исхраната и рутината за вежбање на поранешната членка на групата Spice Girls, се чини дека ни недостасуваше колку добро изгледа нејзиниот сопруг, Дејвид Бекам на 47-годишна возраст.

Овој пат имавме можност одблиску да го погледнеме кога пристигнаа најновите папарацо фотографии од пензионираниот фудбалер.

Изгледа неверојатно во костимот за капење! Вакво тело дефинитивно бара сериозно вежбање и внимателен план на исхрана.

Што јаде Дејвид Бекам?

Денот го започнува со обилен оброк како омлет. Ручекот е секогаш лесен: пилешко и зеленчук, додека тој ја прескокнува вечерата. Инаку, Бекамови не јадат бело брашно, брза храна и слатки. Тоа е правило до кое строго се придржуваат.

Како вежба Дејвид Бекам?

Поранешниот фудбалер напорно работи за да ја одржи кондицијата. Затоа, секој ден скока на јаже, трча спринтови, тренира кардио и никогаш не мирува. Вежбањето е задолжително секој ден, а за да избегне досада, Бекам практикува различни спортови.

Еве како изгледа неговиот ден во теретана:

Загревање и истегнување 10-20 минути, па по пет рунди:

40 стомачни мускули,

скокање со јаже 30 секунди

20 склекови

20 сквотови

20 до 60 минути кардио тренинг: велосипед, лента за трчање итн.

извор:stil.kurir

фото:Profimedia