Тој се заљуби на прв поглед, а таа криеше мрачна тајна: Невообичаена љубовна приказна на кралот Филип и кралицата Летиција

Повеќето девојки сонуваат за принц кој ќе го направи нивниот живот бајка. Новинарката Летиција Ортиз Рокасолано не фантазираше за такво сценарио. Посветена на кариерата во јавниот сервис во Шпанија (Телевизија Еспањола), таа известуваше за важни светски теми: нападот на Њујорк на 9 септември 2001 година и војната во Ирак и слични важни светски теми.

Беше мажена за писателот и професор по литература во средно училиште Алонсо Гереро Перез, од кој се разведе по една година брак, но тоа не беше пречка за Шпанецот, тогашниот принц, а денес кралот Филип да стори сé за да ја освои оваа убавица.

Според шпанските медиуми, Филип бил тој што го иницирал запознавањето бидејќи навистина му се допаднала убавата и интелигентна новинарка. Го замолил својот добар пријател, познатиот новинар Педро Еркиси, да организира вечера и да ја покани Летиција на неа. Новинарката не беше имуна на шармот на шпанскиот монарх, па истата вечер му даде телефонски број, но тие влегоа во врската неколку месеци подоцна. Бидејќи се гледаа во тајност, објавувањето на нивната свршувачка на 1 ноември 2003 година, беше вистински шок за Шпанците.

Фактот дека тогашниот принц од Астурија се вери со позната новинарка беше еден вид преседан. Не само што никогаш порано не се случило првиот во ред за престолот да се ожени за оној што не е со сина крв, туку Летиција имала и брак зад себе. Сепак, кралот Хуан Карлос и кралицата Софија, родителите на Филип, застанаа во одбрана на љубената двојка и ги поддржаа. Летиција и Филип се заколнаа на вечна љубов еден на друг во катедралата Алмудена во Мадрид на 22 мај 2004 година.

Во октомври 2005 година, тие го добија своето прво дете и наследничка на престолот, принцезата Леонор, денешната принцеза на Астурија, а во април 2007 година, Инфанта Софија.

Летиција ја доби титулата кралица кога во 2014 година кралот Хуан Карлос абдицираше во корист на неговиот син. Денес, кралицата Летиција е миленичка на многу Шпанци, а нејзиниот сопруг е вљубен во неа од првиот ден, но една темна тајна што фрла сенка врз нејзината репутација, во неговата книга „Збогум, принцезо“, беше објавена од братучед на летиција- Дејвид Рокасолано во кој навестува дека имала абортус и била во врска со Дејвид Техер.

Извор: lepa&Srecna

Фото: Profimedia