ТОП 5 совети за шминкање во години: Трикови кои ги кријат брчките и го враќаат сјајот на лицето

Добивај вести на Viber

Првите знаци на стареење кај повеќето жени (и мажи) се појавуваат токму во пределот околу очите. Кожата тука е најтенка и најчувствителна, па затоа брзо ја губи еластичноста.

Сепак, појавата на брчки околу очите може донекаде да се забави, ако водите сметка за овие неколку ставки:

-редовна употреба на крема за подрачјето околу очите

-пиење многу вода

-здрава исхрана, богата со овошје и зеленчук

-најмалку 7 часа сон секоја ноќ

-носење наочари за сонце за да избегнете шминка

Секако, брчките порано или подоцна ќе се појават, а со тек на годините ќе стануваат се подлабоки. Тогаш може да се послужите со овие совети за шминкање, со кои ефикасно ќе ги скриете.

Ова се 5 основни правила за шминкање на лице со брчки околу очи

1. Никогаш на подрачјето каде се брчките не нанесувајте пудра

2. Коректор нанесете внимателно и не претерувајте со количината. Производот може да го исполни вдлабнатиот дел кој го создаваат брчките и со тоа уште повеќе да ги истакне.

3. На делот над јаболчниците нанесете малку „highlighter“ кој ќе ја одбива светлината и ќе дава впечаток на совршен и младолик тен.

4. Ако ви се чини дека премногу сте ставиле шминка, на пределот околу очите нанесете малку хидратантна крема која ќе го ублажи впечатокот.

5. Заборавете на изглед кој вклучува претерано многу пудра и руменило, а ненашминкани очи. Тоа уште повеќе ги истакнува брчките и лицето го прави и до 5 години постаро.