Три месеци после хаос и многу болка, повторно е на мој настап: Ивона Јо ѝ посвети емотивни зборови на својата мајка (ФОТО)

Ивона Јо, пејачката која ги воодушеви сите со својата трансформација, кога е изгледот во прашање, со секоја нова фотографија на социјалните мрежи, сè повеќе ги изненадува своите следбеници.

Освен фотографиите од себе, често споделува фотки и од луѓето кои што ѝ се најважни во животот. Па, така откако во текот на летото објави фотка, со како што напиша „жеништата“ на кои што е горда, сега следуваше нова серија фотки со една од тие жени.

Имено, станува збор за нејзината мајка, а преку описот, кој го напиша покрај фотографиите откри дека конечно, по три месеци, нејзината мајка присуствувала на нејзин настап.

„Летово кога се случи несреќниот случај со рачињата на мајка ми, мислев дека веќе никогаш нема да ја почувствувам таа нежност и топлина која ја има во изобилие кај неа. Денес три месеци после хаос и многу болка таа е повторно на мој настап. И знаете што? Нема ништо понежно и потопло од нејзините раце. Чувајте ги. Едни се. Наши се. Родители се. Сакајте ги и гушкајте ги силно.

Пс. Сѐ поминува. Целиот неред и хаос поминува. Смири се и сѐ ќе се смири.“

View this post on Instagram

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)

фото: Принтскрин / Инстаграм