„Имам конечно слика со три генерации женишта“: Ивона Јо преполовена - се фотографираше со жените на кои е горда

Пејачката која се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ и летово е најбарана во македонските клубови Ивона Јовановиќ со секоја објавена фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, сè повеќе нè изненадува.


Откако помина низ операција на желудникот, Ивона Јо дефинитивно има поголема самодоверба а нејзиниот изглед е навистина за пофалба. 

Девојко, блескаш! 


Последни во низата фотки со кои ги почести следбениците на социјалните мрежи, се оние на кои позира со како што ги нарече „жеништата“ на кои е горда. 



„Секогаш кога поминувам низ некој период кој бара исклучување од социјалните мрежи тоа го правам. Сега сакам да направам нешто поразлично.
Затоа што и е различно. СЕ’ Е РАЗЛИЧНО.
Лето 2022 ти благодарам за сите лекции кои ми ги сервираш. Ќе ги земам и ќе ги носам со мене.
Мајко ти благодарам ! Бабо ти благодарам! Имам конечно слика со три генерации женишта! - Напиша Ивона покрај фотографиите.


Фото: Инстаграм


После цел живот дводелен костим: Ивона Јовановиќ сподели како ужива на одмор во Грција (ФОТО)