После цел живот дводелен костим: Ивона Јовановиќ сподели како ужива на одмор во Грција (ФОТО)
Кумановката Ивона Јовановиќ позната како Ивона Јо, моментално ужива на летен одмор во Аспровалта, Грција, од каде што споделува фотки и видеа и се пофали дека конечно облекла дводелен костим, после цел живот.
Ивона го промени својот начин на живот пред десетина месеци, кога направи операција на желудникот и со промена на своите навики и животен стил, таа успеа да симне повеќе од 63 килограми.
Процесот на трансформација, и за тоа колку се променило нејзиното тело, храбро споделува на социјалните мрежи, а досега повеќепати истакна дека е горда на телото и лузните по него, после операцијата.
Како што гласи нејзината тетоважа, и како што постојано нагласува таа: „Само нежно кон себе“. Ивона Јо дефинитивно се води од тоа и храбро се одлучува на чекори кои никогаш во животот не ги направила. Така оваа лето пејачката се одлучи за првпат да облече дводелен костим за капење.
Ивона Јо остава без здив: Пејачката непрепознатлива гордо ја истакнува витката линија (ФОТО)