Ивона Јо остава без здив: Пејачката непрепознатлива гордо ја истакнува витката линија (ФОТО)
Ивона Јо на секоја објавена фотографија дефинитивно остава без коментар.
Taка е и овој пат на споделените фотки на Инстаграм од последниот настап кој го имала викендов.
Ивона е во минус 63 килограми повеќе од 6 месеци по операцијата која ја направи, и денес гордо ја носи облеката во која некогаш се осмелуваше да влезе поради килограмите кои ги имаше.
Пејачката која јавноста повеќе ја запозна од учеството во „Ѕвездите на Гранд“ , Ивона не се плаши да го покаже своето тело и да зборува за белезите кои ѝ останале по операцијата, па неодмна напиша:
- Скоро никогаш не сум внимавала дали на моето тело има гребнатинки или пак некој белег… затоа што дебелите девојки не носат голо. Не е дозволено да се носи хаљина(имав јавен излив и сите знаеме како се сфати и помина), хеланки не, бикини, привлечна долна облека и слично.
Сето тоа предизвикува стигма на нашата душа. По автоматизам не се облекуваме како сакаме затоа што нели не е нормално.
Ех да можам да и објаснам и да и ветам на малата Ивона дека се е океј. Дека ништо нема да се случи доколку го облече она што таа го сака.
Ве молам исчистете си ги дамките од вашата душа и погледнете се со љубов денес. На никој ништо не должиш. Никого не можеш да разочараш.
Единствен човек на кој што должиш нешто си ти. Единствен човек кого можеш да го разочараш си ти.
А овие трагови од операција никогаш не сакам да се тргнат“ - пишува пејачката за белезите кои ги има од операцијата.
Фото: Инстаграм
Ми требаше храброст да го споделам ова видео: Кумановката Ивона покажа колку се променило нејзиното тело