Трогателна порака од пријател на Милена и на Драган

Добивај вести на Viber

Многу колеги и пријатели вчера се простија со легендарната српска актерка Милена Дравиќ, која почина во Белград, на 14 октомври. 

На погребот дојде и поранешниот сопруг на Дравиќ, режисерот и сценарист Пуриша Ѓорѓевиќ, кој претходно изјавил дека Милена ќе остане неговата најголема љубов.

„Она што најмогу ги трогна присутните е пораката од близок сосед на Милена Дравиќ и на Драган Николиќ, Душко. Тој им беше како брат“, изјавил пријател на легендарните актери за српските медиуми.

„На Драган и на Милена. Последен поздрав за најдобрата и на најубавата двојка во филмовите. Ве сака вашиот сосед, Душко“, пишува во пораката. 

Српската актерка Милена Дравиќ вчера беше погребана во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта покрај својот сопруг Драган Николиќ, кој почина пред две ипол години. 

Фото: Пинк.рс