Тројца витези го имаат моето срце: Се породи Ана Зафирова
Новинарката и поранешна водителка на емисијата „Врти сучи тоа ти е Скопје“ сношти го роди вториот син. „Од денес тројца витези го имаат моето срце. Добредојде синко. Сега сме детелинка со четири листа“, напиша Ана на својот фејсбук профил. Синот, на желба на родитeлите ќе се вика Јосиф.
Минатиот месец, за Женски магазин, Ана раскажа за тоа како ја поднесува втората бременост.
„ На пазарче, сите знаат дека носам машко, народната мудрост проценува по формата на стомакот. Внимавам на железото, пијам доволно течности, намалив со благо, токму заради шеќерот“, низ насмевка ни рече Ана.
„ Бремената жена станува медиум преку кој се испраќаат многу моќни пораки, затоа што со или во бременоста нема еднаквост со другиот пол“, додаде таа.
Ана и сопругот Поликрап, имаат уште еден син, четириипол годишниот Михаил.