Убавицата од балканските простори ја заинтригира дури и Викторија: Која е атрактивната Јована на која Бекам јавно ѝ упати порака?

Јована Рајачиќ на која Бекам неодамна ѝ го честиташе роденденот доаѓа од балканските простори, успеа да направи многу успешна кариера...

Откако Дејвид Бекам неодмана ѝ го честиташе роденденот на познатата фитнес инфлуенсерка, Јована Рајачиќ, која по потекло е од балканските простори, многумина останаа изненадени.

Меѓутоа, фактот дека неговата поубава половина Викторија не го направи истото беше уште една интрига, иако босанската убавица го водеше нејзиниот Инстаграм пред неколку месеци.

Имено, фудбалерот сподели нејзина фотографија на својот профил со кратка честитка, од што многумина беа воодушевени, бидејќи води сметка за луѓето со кои соработува, а убавата Јована е некој и навистина има помогнато на компанијата на неговата сопруга.

Имено, инфлуенсерката е една од основачите на консултантската агенција која им помага на брендовите и поединците да остварат значајни врски, подобри компании и да се издвојат со содржините. Јована пред неколку месеци го презеде Инстаграм профилот на Викторија, за да ѝ помогне да ја крене компанијата која беше пред банкрот, а за која Бекам повеќе не сакал да плаќа.

За потсетување, Викторија во последно време е решена да се насочи и кон другите трендови, како што е спортскиот стил, а токму тука доаѓаме и до убавата девојка од Сараево, која на кратко беше задолжена за профилот на сопругата на Бекам.

Имено, веќе подолго време се зборува дека новата колекција на Викторија не привлекла внимание како што се надеваше, како и дека поради падот во компанијата морала да побара помош од психолог.

Меѓутоа, Викторија ништо не препушта на случајот, и е решена да се насочи кон современите методи на промовирање и ширење на бизнисот.

Така за едно од лицата кои ја промовираа нејзината спортска линија е избрана и убавата Јована Рајачиќ, фитнес експертка од балканските простори.

Во објавите на профилот на Викторија, Јована го снимаше тренингот со кој повикува на вежбање, а идејата била токму низ спортска приказна, публиката да ја сфати важноста на вежбањето и пропратно да се промовира соработката на Викторија со еден спортски бренд.

Инаку, Јована е на чело на платформата „LIVENow Fitness“, која луѓето ја поврзуваат со експертите за вежбање, но и која нуди можност да се слушнат неверојатните искуства ширум светот.

Малку е да се каже дека нејзините видеа привлекоа огромно внимание, и дека Викторија го доби она што го сакаше, а со тоа е воодушевен и нејзиниот сопруг Дејвид. Меѓутоа, почна да се шири приказната дека на Викторија не ѝ се допаднало тоа што Дејвид е воодушевен од младата спортистка, иако немало никаков простор за флерт, на што во прилог оди и фактот што фудбалерот сподели фотографија од Јована, на која позира со нејзиниот вереник.

Инаку, нејзината мајка Татјана е професорка по руски јазик, а татко ѝ Небојша е еден од најугледните пластични хирурзи во Босна и Херцеговина, а моментално работи во КУвајт, каде ја води Клиниката за лекување на изгореници и пластична хирургија. Јована и нејзината сестра завршиле средно училиште, а потоа продолжиле да се образуваат во Америка.

Иако многумина сметаат дека во светот на познатите, убавата фитнес експертка завршила благодарение на сестра ѝ Андреа, која е во брак со познат француски фудбалер, вистината е дека Јована најпрво завршија студии за меѓународен маркетинг, а потоа седум години работела за агенција за глобални комуникации преку односи со медиуми, разни настани, маркетинг за инфлуенсери и таленти и соработувала со големи брендови.

фото: Принтскрин / Инстаграм