Убавината на жената е во нејзините очи, тие се врата до нејзиното срце: 11 oсобини на незаборавните жени

„Убавината на жената не е во облеката која таа ја носи, фигурата која ја има, или начинот на кој ја врзува својата коса. Убавината на жената е во нејзините очи, бидејќи тоа се вратите до местото каде престојува нејзиното срце. Вистинската љубов е рефлектирана во нејзината душа. Тоа е нега која таа љубезно ја дава, страст која ја покажува и убавина на жената која расте со годините кои минуваат“. 

Значи, во чест на сите прекрасни жени, еве 11 особини кои ги сакаме кај секоја дама. 

1.  Љубезност 

Вашата љубезност е очигледна каде и да одите. Без разлика колку пати таа била занемарена, вие сте издржале. Луѓето на кои сте им ги допреле животите ве сакаат повеќе отколку што зборовите можат да опишаат. 

2. Независност 

Ако сте ја нашле вистинската личност, постојат шанси да се заљубила во вашата независна природа. Не ценете ги своите вредности во зависност од партнерот, туку од единствени и фантастични особини кои ги држите во искреното срце. 

3. Несебичност 

Незаборавната жена секогаш дава повеќе отколку што прима. Замислете една или две највлијателни жени во вашиот живот, жената која ја сакате повеќе од се.  Потоа запрашајте се: дали ги ставила потребите на другите пред своите потреби? 

4. Грациозност 

Незаборавните жени секогаш изгледаат толку грациозно. Дали некогаш сте гледале документарец за Жаклин Кенеди или принцезата Дајана? Биле со одлична елеганција и класа. 

5. Страст  

Вашиот ентузијазам и вашата страст речиси секогаш се ваша цел. Страст за големи и мали работи- денес е некоја необична особина. 

6. Поддршка 

Без разлика дали тоа е ваш пријател, член на семејство, или партнер, вашата поддршка никогаш не е лажна и никогаш не престанува. Иако нема секогаш да се согласите со нас, секогаш ќе не поддржувате 100%. 

7. Разбирање 

Знаете што сме способни да станеме, дури и ако ние тоа не го знаеме. Сепак нема секогаш да ја почитуваме проникливоста, сфаќаме дека вашата мудрост заслужува длабоко разгледување. 

8. Енергија        

Ја сакаме вашата енергија и желба за соочување со светот. Иако можеби не сте многу гласни, чувствуваме и искрено го почитуваме позитивниот став и прекрасна енергија. 

9. Искреност 

Можете да бидете слатки, но не плашете се да бидете намќори ако тоа е потребно. Понекогаш тоа „намќорестото“ доаѓа откако некој се обидел да ве направи будала или ја сфатил вашата љубезност како слабост. 

10. Упорност 

Како што е објаснето, денес не е лесно да се биде извонредна жена. Исклучително е важно да сте успеале да ги задржите сите овие точки. 

11. Љубов 

Последното, но сигурно не помалку важно: сите се благодарни за вашата љубов. Никој не знае да сака, како жена.

Ваквите жени мажите тешко ги забораваат: Ги посакуваат цел живот