Утринскa молитвa: Kога ќе станеш од постела, пред секоја друга работа, измиј се и застани со помисла дека стоиш пред лицето на Бога

Од сон станат, Ти благодарам, Света Троице, зашто поради Твојата голема добрина не се разгневи на мене мрзливиот и грешниот, ниту ме погуби заради моите беззаконија, но се покажа, како и обично, Човекољубив, и кога лежев без надеж, ме крена за да станам рано и да ја прославам Твојата сила. И сега просвети ми ги моите духовни очи, отвори ми ја устата, за да се поучувам со Твоите зборови, да ги разбирам Твоите заповеди, да ја извршувам Твојата волја, да Ти пеам со искрена пофалба и да го прославам Твоето пресвето име – на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Молитва од Кумановско-осоговска епархија