Утринско Франк кафе со Теа Трајковска: Првото кафе го пијам со мајка ми

Денот ми почнува со омилената песна, списокот обврски за тој ден и (ништо без) кафе.

Првото кафе во денот секогаш го пијам со мајка ми, а потоа се освестувам, координирам временски и шибам низ врата.

Ме мотивира секој нов ден како нов предизвик да живеам за соништата, работите и луѓето што ги сакам.

Да си артист и да го имаш целото време на располагање во денот, а успешно да си го организираш и да не прокрастинираш не е лесно и треба многу добра волја и самоконтрола. Секој ден ми е поинаков, а и секоја вечер зависно од тоа дали имам свирка или не.

Кога немам настап/свирка најчесто одмарам со добра серија, сестра ми и блиските. Значи вечерите во последнава година кога не се работни ми се воглавно мирни.

Секогаш кога имам време сум за книга или филм. Ако ме купи идејата може да ми се допадне секаква литература, филмови гледам само во кино, во домашна атмосфера сум на Нетфликс.

(Теа Трајковска-пејачка)