Утринско кафе со Марко Логаут: За жал првото кафе го пијам сам и неуморно работам за промена

Секое утро ми започнува со насмевка, затоа што знам дека имам нов ден со убави луѓе и многу енергија, а за жал сѐ уште првото кафе го пијам сам и неуморно работам за позитивна промена. 

Главна мотивација и храна за мојата душа е тоа што го работам, моите настапи каде што имам прилика на едно место да видам толку многу луѓе што се среќни и заедно се смеат, заедно пеат и заедно шират позитивна енергија. Во глобала живеам многу брз живот и сите обврски и планови произлегуваат и се реализираат во текот на денот.

Вечерта е најубавиот период од мојот ден, јас сум генерално ноќна птица како и секој уметник, од ноќта црпам инспирација, а за жал ќе се повторам како и во првиот одговор, неуморно работам за да не заспивам сам.

Секогаш наоѓам време за добра книга, а заспивањето со филм е веќе моја рутина.


(Марко Милановиќ- пејач)