Утринско кафе со Мими Јовановска: Мотивација ми е љубов во секаков облик

Добивај вести на Viber

Денот го започнувам со будење покрај сопругот, па започнуваме со утринските ритуали. Го пиеме нашето прво кафе и појадуваме заедно.

Првото утринско кафе ми дава енергија, концентрација и подготвеност за се‘ што ми носи ден. 

Не сум страстен љубител на кафе, па немам некој посебен рецепт за негова подготовка. А ако треба да се одлучам за некој вид на кафе тоа е нескафе со ванила. 

По испиената прва шолја кафе, дополнителна енергија ми даваат квалитетните и информативни разговори. 

Мотивација ми е љубов во секаков облик… Љубов кон партнерот, кон моите најблиски и секако најголем двигател - Љубов кон моја работа.

Моите дневни планови и обврски се главно поврзани со работа. Доколку не сум на некој настап работам во студио на нови проекти. И кога немам обврски сама ги наогам. Сакам секој ден да ми е квалитетно исполнет. 

Денот го започнувам и завршувам со мојот сопруг.

Искрено не наоѓам многу време за читање, но секогаш сакам да изгледам некој добар филм. 

Со која мисла го завршувам денот: „Ти благодарам Господи за сѐ“


*Мими Јовановска - пејачка*