Вака изгледаше во 2011 година, а денес е една од најатрактивните пејачки во светот: Трансформацијата е буквално шокантна (ФОТО)

Пејачката Џеси Нелсон неодамна ја започна својата соло кариера со синглот „Boyz“, а до неодамна беше позната на публиката како дел од исклучително популарниот женски бенд „Little Mix“. Сепак, таа не се раздели со своите колеги на пријателски начин, па можеби не е изненадувачки што веќе започнаа судири во јавноста.

Имено, тие ја обвинија за таканаречен blackfishing, што е термин што се користи кога некој користи црна култура и естетика за свои потреби, односно кога некој се преправа дека е со темна кожа или од мешана раса, кога всушност не е.

Џеси е родена и израсната во Ромфрод, Источен Лондон, неодамна на јавноста ѝ го претстави својот нов имиџ - огромни кадрици и тен, и тврди дека и двете работи се природни, и тенот и косата.

"Мојата коса е природно виткана, ја наследив од татко ми, па сакав перика што ја имитира текстурата на мојата вистинска коса и искрено не мислев дека правам нешто погрешно. Само сакам да се осврнам на мојот тен - немав лажен тен во видеото со Ники Минаж, бев три недели пред тоа во Антигва и навистина сум среќна што како бела девојка можам да поцрнам толку", рече таа.

Но, ако таквите обвинувања се остават настрана, јасно е како ден дека Џеси драстично се трансформираше од нејзиното прво појавување на сцената на натпреварот „Икс фактор“ во 2011 година.

Не само што оваа 30-годишна девојка често го менуваше својот имиџ-стилот на облека, бојата и должината на косата, туку таа практично го смени својот личен опис.

Видливо е дека имала одредени естетски процедури на лицето, а во последните неколку години навистина инсистира на тен и секси облека и стил карактеристичен за sвездите како Ники Минаж, Карди Би, Меган Ди Стелион ...

извор:zena.blic.rs