Вдовица на починат олимпиец родила дете кое го зачнала по смртта на спортистот: Луѓето се шокираа кога дознаа како го направила тоа

Елиди Пулин, вдовицата на олимпиецот Алекс Пулин, родила девојче и ѝ го дала името Мини Алекс, во чест на нејзиниот татко.

„Нашето девојче, родено на 25 октомври 2021 година. Мини Алекс Пулин“, напиша таа на Инстаграм со фотографии на кои позира со новороденче.

Алекс Пулин, австралиски сноубордер, трагично се удави за време на подводен риболов во јули минатата година, а Елиди ја започна процедурата за медицински потпомогнато оплодување со сперма која постхумно беше земена од Пулин.

„Морав да поминам низ советувања и разговори кои ми отворија болни емоции. Ме прашаа дали ќе му кажам на детето кој е неговиот татко, што ќе му кажам кога ќе праша за неговиот татко, како ќе поминам низ бременоста и мајчинството сама“, рече Елиди во подкастот „Дралинг, шајн!“

Првата процедура не била успешна и таа ја изгубила бременоста во јануари. Потоа се одлучила за уште еден обид, кој ѝ успеал. 

„Решив да ја искористам неговата сперма за процесот на ИВФ за да се осигурам дека тој ќе биде татко. Кога гледам други млади татковци, постојано размислувам за тоа што пропушти Алекс. Тој беше прекрасен со децата и ќе беше прекрасен татко", заклучи таа.

View this post on Instagram

A post shared by El Pullin (@ellidy_)


Елиди изјави дека пред смртта на Алекс се обиделе да основаат семејство, но немале среќа.

Постапката на вдовицата наиде на спротивставени реакции, но и изненадување бидејќи многумина не знаеле дека е можна таква постапка.


Фото: Инстаграм/Профимедиа